Кокино Неро – Хотел Хлиди, Грција Лето 2023

Хотел Хлиди  – Кокино Неро

За уплата преку синдикални организации – можност за плаќање на до 9 рати!

КОКИНО НЕРО е туристичко место со богата флора и фауна, како и специфична клима која е резултат на близаната на планинините и морето. Кокино Неро се наоѓа во областа Тесалија ,недалеку од клисурата Темби, во подножјето на планината Оса на околу 140км од Солун и 70км од Паралија. Името Кокино Неро ( Црвена Вода) го добива по термалните извори кои се наоѓаат во самото место убаво уредени,водата е полна со минерални соли кои на водата и даваат црвенкаст тон, а и лековити својства. Ова е место за убав мирен одмор, преферираат природни сенки и неурбани плажи. Самото шеталиште има неколку таверни/локални ресторани,продавници, пекари. Во непосредна близина на 2км се наоѓаат и две убави плажи, Platia Ammos и Кoutsoupia.

Хотел Хлиди се наоѓа на сама плажа. располага со 1/2 и 1/3 соби. Секоја соба е со сопствена бања, клима уред (вклучен во цена), ТВ, фрижидер, тераса. Исхраната е на база полу пансион ( појадок и вечера) и е во склоп на објектот. Големиот двор, зеленилото, мирното тиркизно море кое е на само неколку чекори од хотелот се гаранција за вистински одмор.

ЦЕНОВНИК за 7 полупансиони / сопствен превоз

ПериодБр.на ноќиХ.Хлиди
   26.08 – 02.097250
   02.09 – 09.097230
  • Цените се дадени  ПО ЛИЦЕ  за 7 пoлупансиони  ( појадок и вечера).
  • Прво дете  до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот.
  • Попустот важи за сместување со две возрасни лица.
  • Попуст за трето возрасно лице и дете над 12год – 20% попуст
  • Дете до  5 год. кое не користи кревет и храна– ГРАТИС за сместување во 1/2 соба
  • Ако користи храна за истата се доплаќа 70 евра. 
  • Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица.
  • Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место.
  • За уплата на аранжман преку Синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%
  • Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.
  • Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата
  • Сместувањето во собите е во 14:00 (по локално време);
  • Напуштање на собите е во 09:00 (по локално време);
  • Секоја направена штета се плаќа на лице место;
  • За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс,во спротивно резервацијата е неважечка;
  • Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;
  • Задолжително патничко осигурување.
  • Цените се изразени во EUR во денарска противвредност  1€ = 62,оо ден.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
  • Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.

Важат општите услови за патувањe на Т.А. ИН ТРАВЕЛ СEРВИС и СКТМ !