fbpx

Будва, Црна Гора, Лето 2022

Будванската ривиера се протега во должина од 35км покрај Јадранското Море. Поставена приближно централно на Црногорското приморје, таа е средиште на црногорскиот туризам. Ривиерата има 12,5км долга плажа.

Главни туритички места се Будва, Петровац на Море и Свети Стефан. Во самата Будва постојат неколку плажи и сите се подеднакво преубави, било песочни, камени или шљункасти, а меѓу нив најпознати се Словенска плажа, Могрен, Трстено, Јаз, Плоче итн.

Будва е нај атрактивното место на Јадранскиот брег. Будва изобилува со долги песочни плажи со вкупна должина од 25 км. Најпознати се Словенска плажа, Милочер, Пржно, Каменово, Могрен 1 и 2 и многу други плажи. А најголема атракција претставува  Стариот Град. Во непосредна близина се наоѓа и  островот Св.Никола кој е најголем во овој дел од Јадранот..

ВИЛА ВУКМАНОВИЌ

Се наоѓа на 350 метри од Словенската плажа, односно 150 метри од поштата во Будва. Вилата располага со 1 / 2 и 1 / 4 студија, еднособен апартман 1 / 4 + 1 и со двособен апартман 1 / 6. Секоја соба има сопствен тоалет, Тв, комплетно опремена кујна и клима уред (5еур од ден).

Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 9 ноќевања без превоз.
Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност (1 евро = 62 ден.)

 период1/2 стд1/4стд1/4+1 апп1/6 апп
120.06-29.06130120110100
229.06-08.07140130120110
308.07-17.07155145135125
417.07-26.07175165155145
526.07-04.08195185175165
604.08-13.08195185175165
713.08-22.08175165155145
822.08-31.08155165135125
931.08-09.09140130120110
1009.09-18.09130120110100

ВИЛА ПАЛМА – Бечичи

ВИЛА ПАЛМА се наоѓа на 250м од плажа во непосредна близина на хотелот Бела Виста.

Вилата располага со 1/2 и 1/3 соби како и  1/3 и ¼ студија. Студијата се со  мини кујна, сопствено купатило, клима, тв, тераса. Собите се со сопствено купатило, клима, тв, фрижидер, тераса. Во вилата се наоѓа и ресторанот Палма каде гостите од вилата имаат појадок и вечера. Исхраната е континентална (избор од неколку јадења). Појадокот е од 07-10часот, а вечерата од 17 до 20часот. Вилата нема сопствен паркинг. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

СМЕНАПЕРИОДЦЕНА 
111.06 – 20.06265
220.06 – 29.06 270
329.06 – 08.07285
408.07 – 17.07300
517.07 – 26.07 315
626.07 – 04.08315
704.08 – 13.08315
813.08 – 22.08300
922.08 – 31.08285
1031.08 – 09.09270
1109.09 – 19.09265

Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност (1 евро = 62 ден.)

Доплата за превоз :

-Возрасни 40 евра.

-Деца  до 7 години 20 евра.

  • Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.

Во студио/апартман дозволено е сместување лица во согласност со предвидениот број кревети, преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.

Поаѓање за Црна Гора:

Скопје ( паркингот кај Борис Трајковкси ) – 05.00 часот

  • Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај вотекот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.   

Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правеосвен седишта 1 и 2)

НАПОМЕНА

  • за уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%
  • доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  • секоја промена на резервација се наплатува 10 евра.
  • сместувањето на првиот ден е по 14часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • Се патува согласно моменталните протоколи за превоз.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот. Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група, и да ги почитуваат правилата и препораките.
  • ТА Интравел не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
  • при промена на цените ( зголемување или намалување) нема да се менува цената на веќе договорената услуга.
  • за резервација со попуст за рана уплата , 50% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на правење на резервацијата, доплата ДО 01.04.2022
  • за резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
  • патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
  • во случај на отказ на резервација уплатена со ковид ваучер, на патникот ќе му се издаде нов ваучер со намалени отказни пенали.
  • Во случај на околности предизвикани од ковид пандемијата како затварање на граници или при позитивен пцр тест на патникот му се издава нов вредносен ваучер.

Важат општите услови за патувањe на Т.А. ИН ТРАВЕЛ СЕРВИС и СКТМ !