Како се вади Европски дигитален сертификат
EU Digital COVID Certificate (EU DCC) е дигитална потврда дека сопственикот на сертификатот:
- е вакциниран против COVID-19
- има негативен тест
- има прележано COVID-19
Каде можам да го искористам мојот ЕУ дигитален COVID сертификат?
ЕУ Дигиталниот COVID сертификат може да се користи при влез/излез од Република Северна Македонија, при влез во секоја членка на ЕУ, како и за влез во сите институции и објекти каде што е потребен COVID сертификат.
Како се вади сертификатот?
- Одете на https://vakcinacija.mk/ и логирајте се со вашето корисничко име и лозинка или со профилот кој го користите за апликацијата од УЈП за поврат на ДДВ
- На вашиот профил изберете Генерирај EU DC сертификат

- Потоа преземете го сертификатот

Сертификатот ќе се симне во PDF варијанта – истиот можете да го испечатите или да го додадете во апликацијата МК Wallet достапна на: https://vakcinacija.mk/
Како се регистрираат примени вакцини во странска држава?
Процедурата за регистрација на примени две дози вакцина во странска држава се спроведува на постојните вакцинални пунктови.Лицето задолжително се идентификува со документ за лична идентификација и ја приложува потврдата за вакцинација од странска држава во оригинална верзија.Овластените лица од вакциналниот пункт ја проверуваат веродостојноста на приложениот документ.Лицето за кое се внесуваат податоците за вакцинација во регистарот во Националниот систем за електронски евиденции во здравството, потпишува изјава која ја потврдува и овластеното лице кое ја врши евиденцијата.Врз основа на внесените податоци лицето се регистрира како вакцинирано лице и за него ќе може да се издаде сертификат за вакцинација.