За време на топлите денови кожата обилно се поти, а освен изгорениците од сонцето, често се јавуваат иритации, црвенила и осипи на кожата. Мрсењето во летниот период доведува до појава на митесери и акни. Затоа важно е да се води посебна грижа, особено за време на екстремно високите
температури кои достигнуваат и до 40 степени. Еве неколку корисни совети со кои ќе ја зашитите и
подобрите кожата на лицето и телото.

Внимателно и нежно отстранувајте ја потта од лицето

Отстранувањето на потта на лицето со помош на рацете не е најдобра опција во летниот период. Најдобро е да користите памучни марамчиња или освежителни марамчиња.

Избегнувајте хемиски пилинзи

Избегнувајте хемиски пилинзи (особено оние на база на АНА кислини) за време на летниот период, затоа што во комбинација со изложувањето на сонце може да предизвикаат иритации на кожата.

Хидрирајте ја кожата

За време на летото, како последица на високите температури, обилното потење и изложеноста на
сончевите зраци, кожата може да стане сува и „безживотна“.
За да ја сочувате потребно е длабински да ја хидрирате. Изберете хидратантна крема која одговара на вашиот тип на кожа и редовно нанесувајте тенок слој. Освен хидратантните креми кожата можете да ја хидрирате и со природни масла. Природната нега на кожата нуди бројни придобивки и е се поактуелна во светски рамки, но и кај нас. Од растителните масла, можеме да го издвоиме ладно цеденото масло од чиа семе кое е одличен извор на нутриенти кои имаат докажани здравствени придобивки. Кога станува збор за здравјето и негата на нашата кожа, покрај внесот преку храната, маслото од чиа семе може да дејствува ефикасно и кога се нанесува од надвор, на самата кожа.

Избегнувајте тешка шминка

За време на летото, јаката шминка за брзо време се размачкува, а воедно ги затвора порите на лицето на кожата. Тоа може да доведе со појава на митесери. Наместо омилената пудра, користите хидратантен крем со заштитен фактор.

Пијте доволно вода

За време на летото, важно е да ја хидрирате кожата и од внатрешноста. Потрудете се да пиете доволно вода.
Нутриционистите препорачуваат да се пие 8 чаши вода, а ако многу се потите, напијте се две до три чаши вода повеќе.

Топ 3 намирници за хидрирана кожа

За да се избегнат негативните последици од изложувањето на сонце, потребно е кожата да се подготви и „однатре” преку храна богата со витамини од Б групата, А, Ц и Е како и каротеноиди кои се наоѓаат во зелениот лиснат зеленчук и бобинкастото овошје. Постојат многу намирници кои треба да се вклучат во исхраната во летниот период, со што би изгледале и би се чувствувале подобро:

Направете си салата со домати

Доматите содржат витамин А и ликопен кој е силен антиоксиданс. Ликопенот го успорува стареењето на клетките и делува антиканцерогено. Затоа за ручек или вечера направете си салата со домати.

Боровинките се богати со флавоноиди кои го успоруваат стареењето

Виолетовата боја на боровинките им ја даваат флавоноидите кои исто така го успоруваат стареењето.
Додајте боровинки и микс од четири семиња во утринскиот појадок и започнете го денот со енергија.

Лимон, грејпфрут и киви како природен извор на витамин Ц

Овие овошки се богати со витамин Ц кој помага во формирањето и синтезата на колаген. Состојките кои ги содржат се борат против УВ зраците кои предизвикуваат сончеви пеги, ја поправаат и зацврстуваат кожата, ги подобруваат структурните и функционалните оштетувања. Направете цеден сок од лимон, грејпфрут или киви, ставете неколку коцки мраз и освежете се во топлите денови.