Сонцето и изложувањето на сончеви зраци имаат поволно влијание на организмот и е особено важно за нашето здравје.

Умереното изложување на сонце е корисно и помага за создавање на витаминот Д кој е неопходен за апсорпцијата на калциум и фосфор што е од значење за функционирање на мускулите, јакнење на коските и спречување на остеопороза. Го подига имунитетот, спречува кардиоваскуларни болести и има благопријатно влијание кај кожните заболувања (псоријаза, егзема…). Ултравиолетовите зраци го ослободуваат хормонот на среќата (ендорфин) кој влијае на нашето расположение, делува против депресија, а топлината создава чувство на пријатност. Со излагање на сонце се стимулира производството на мелатонин, хормон кој го регулира сонот, расположението и има позитивно влијание на имунитетот.

Витаминот Д

Витаминот Д во организмот се создава во кожата како провитамин кој под дејство на сончевата УВ светлина се трансформира во активен витамин Д. Кожата кога е изложена на директни сончеви зраци создава доволно количество на витамин Д, и затоа изложеноста на сонце е најсигурен начин за истиот да се синтетизира.

Значајноста на витаминот Д за здравјето

Имуномодулатор – низа на студии укажуваат дека го намалува ризикот од вирусни и бактериски инфекции.

Здрави коски –  суштински важен витамин за коските. Има улога во метаболизмот на калциум и фосфор, минерали клучни за здравјето на коските.  Одржување на нормална концентрација на витамин Д, посебно кај постари мажи и жени е примарен фактор во превенција и третман на остеопорозата.

Здрави трудници, новороденчиња и деца – само неколку факти за нарушеното здравје кај децата, како резултат на недостатокот од витамин Д: зголемен крвен притисок, подложност на астма, подложност на алергии на различна храна итн. Кај трудниците, недостатокот од витамин Д води кон прееклампсијабактеријална вагиниоза, а некои студии велат и дека недостатокот од витамин Д при бременост, води кон аутизам кај новороденчињата.

Кога е најдобро време да се сончаме?

Главно и основно правило е дека треба да се избегнува подолго директно изложувањена сонце во период од 11-16 часот.
Од количеството на темен пигмент (меланин) во вашата кожа зависи колку долго треба да останете на сонце.
Ако се работи за лица со светол тен претерано изложување на сонце може да доведе до настанување на изгореници. Лица кои имаат повеќе бемки исто така треба да бидат многу внимателни бидејќи може да дојде до појава на црвенило и изгореници, а и промена на бемките. Затоа е важно да се заштитиме при појава на првите сончеви зраци, а со тоа ќе се заштитиме од подоцнежните негативни влијанија на Вашата кожа.

Важно е и после сончањето кожата да се хидрира за да се задржи влажноста и еластичноста.