Истанбул – градот на два континенти

ИСТАНБУЛ ЗА 8-ми Септември и 11 Октомври

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

Цена на аранжманот: 5.518 денари (89 евра)

Прв ден – 06еп.2019 (Петок) / 10.Окт.2019 (Четврток)

Средба на групата на Дрводекор во 15:30 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Ноќно возење со транзит преку Грција, попатни паузи и царински формалности.

Втор ден – 07.Сеп.2019 (Сабота) / 11.Окт.2019 (Петок)

Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време.

НАПОМЕНА: ( За да се искористи денот се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе се влезе во хотел по завршувањето на разгледите).

Следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Веднаш потоа се упатуваме кон Долмабахче палатата.

Долмабахче палата – Турскиот Версај

Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.

По посетата на Долмабахче, следува денски панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа. Автобуска екскурзија со која се доживува неверојатно искуство со преминување од европската во азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор. Краток престој на азискиот дел наречен Чамлиџа, од каде има неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот.

По завршувањето на овие факултативи, групата се враќа во хотел, каде има слободно време се до вечерните часови, кога ќе се оди на ноќен Истанбул. Оваа посета значи панорамски разглед на Истанбул со автобус, во вечерните часови кога градот се трансформира во градот на светлоста и убавината. Се поминува крај бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува највисоката зграда во Европа (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула.

Трет ден – 08.Сеп.2019 (Недела) / 12.Окт.2019 (Сабота)

Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата.

Аја Софија

Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим.

Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османските освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.

Топкапи палатата

Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче. По зaвршувањето на разгледите, групата има слободно време за индивидуални активности.

Watergarden и Emaar Square Mall – НОВО!

Во договорено време групата се чека на рецепцијата каде се упатува према азискиот дел на Истанбул, и прекрасниот Emaar Square Mall и Watergarden, кои претставуваат сосема ново и неверојатно доживување. Emaar Square Mall е трговски центар кој ги прати најновите лајфстајл трендови и по неговото отворање станува центарот на шопингот, гастрономијата, но и на забавата со откривањето на Watergarden базените и фонтаните, кои им дават уникатно доживување на сите посетители. Бидете дел од кореографијата на блескавите води, светлината, ласерите, но и музичките и огнени шоу спектакли.

Четврт ден – 09.Сеп.2019 (Понеделник) / 13.Окт.2019 (Недела)

По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата, се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.

Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:00 по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА 89 евра / 5518мкд

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

·         Две ноќевања во хотел 3+* со појадок

·         Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје

·         Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со лиценциран водич

·         Посета на трговскиот центар Форум Истанбул

·         туристички пратител за време на престојот

·         организација за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

·         задолжително патничко осигурување

·         факултативните излети:

·         Аја Софија со лиценциран водич и аудио слушалки – 20 евра

·         Топкапи палатата со лиценциран водич – 20 евра

·         панорамски разглед на европски и азиски Истанбул – 15 евра

·         крстарење по Босфорот – 20 евра

·         Долмабахче палата со лиценциран водич – 25 евра

·         Ноќен Истанбул и Сафир Сехир Тераси – 20 евра

·         Посета на Watergarden и Emaar Square Mall – 20 евра (НОВО – препорака!)

·         Туркуазу Аквариум – 15 евра

·         За сингл соба се доплатуваат 30 евра дополнително од аранжманот

Попусти за деца:

·         Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)

·         Деца од 3 до 12 години  плаќаат 50 евра

·         Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници