COVID 19 | ИНФОРМАЦИИ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА – ЛЕТО 2022
Измени:
Oд 1 мај (од 06h наутро) СЕ УКИНУВААТ ОГРАНИЧУВАЊАТА ЗА ВЛЕЗ ВО Р.ГРЦИЈА, односно нема да биде потребно приложување на европски сертификат за вакцинација, прележан Ковид-19 или негативен тест. Ваквата одлука била донесена по препорака на Грчката комисијата на епидемиолози која меѓу другото побарала суспензија на ковид пропусницата, заедно со враќање на исполнетоста на објектите на 100 отсто од капацитетот.
Сите препораки на комисијата биле прифатени од Владата, а според насоките од Министерството за здравство, деталите ќе бидат објаснети во новата министерска одлука што ќе биде објавена во Службен весник на Грција.
Доколку немате избрано сместување нашите апартмани и понуди се достапни на следните страници:
Од 15.03.2022 PLF формуларот повеќе не е потребен за влез во Грција!
Услови за влез во Грција:
Сите патници се должни да поседуваат потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест или доказ дека прележале ковид-19. Конкретно треба да имаат:
ОПЦИЈА 1 – сертификат за вакцинација
Европскиот дигитален сертификат ги содржи името и презимето на лицето (како што е наведено во патниот документ), видот на примената вакцина, бројот на примени дози и датумот на имунизација.
- Важи со изминати најмалку 14 дена од денот на вакцинацијата против коронавирусот и не повеќе од девет месеци по завршувањето на основната вакцинација (втора доза).
- За оние кои ја примиле третата или засилената доза, овој документ нема временско ограничување.
ОПЦИЈА 2 – потврда за прележана болест
Констатирана со лабораториски PCR тест или брз антиген, а таков европски дигитален сертификат за прележан ковид се издава 14 дена по првиот позитивен тест и важи до 180 дена.
ОПЦИЈА 3 – лабораториски PCR тест или лабораториски брз антиген тест
- негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа пред да влезете во оваа земја, или
- негативен антиген тест, не постар од 24 часа.
Потврдата треба да е издадена од јавна установа или од сертифицирани јавни или приватни лаборатории од согласно националното законодавство на земјата на пристигнување, на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик.
Пред поаѓање консултирајте се со нашите продажни агенти за евентуални промени во условите: 02 3121 551
Ваквите обврски важат и за малолетни деца над 12 години и документи мора да се презентираат пред соодветните грчки погранични органи или Генералниот секретаријат за цивилна заштита.
Против патниците кои ќе ги прекршат мерки, предупредуваат, ќе бидат изречени соодветни законски санкции.
Кое е работното време на граничните премини
Од 01.07.2021 согласно соопшението на грчката заменик-министерка за туризам Софија Захараки и шефицата на канцеларијата на грчкиот премиер во Солун, Марија Андониу – се отвораат сите премини кон Македонија со работно време 24/7 односно сега покрај Богородица/Евзони ќе работат и Дојран и Меџитлија/Ники.
ВАЖНО – по влезот, важат истите правила како и за грчките државјани
И покрај тоа што најголемиот дел од ограничувањата и мерките се олабавени – при влез задолжително информирајте се за мерките кои се валидни во моментот и почитувајте ги истите.
За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5 000 евра.
*Информациите објавени на web страницата на ИнТравел се од информативен карактер и се базираат на официјалните гласила. Поради секојдневните промени ИнТравел не може да ја гарантира точноста и не може да прифати никаква одговорност за какви било грешки или пропусти.