Хотелот “Турист” е изграден и отворен во 1986г. како анекс на хотелот “Метропол”. Комплетно е реновиран во 2007 година. Хотелот ја има истата архитектура како и Метропол и двата хотела се поврзани со внатрешен коридор и  гледано однадвор, изгледаат како еден хотел, со воодушевувачки стил.

Хотелот “Турист” е составен од 5 спрата: приземје и 4 спрата. Хотелот има 88 двокреветни соби со 176 кревети. Сместувачкиот капацитет покрива површина од 3.000 м2. Хотелот е во фаза на реновирање и добива категоризација врз основа на законските регулативи како хотел од трета категорија со 3 ѕвездички.

ПОСЕБНИ ЦЕНИ за сезона Јуни-Октомври 2020 год.

  ПОЛУ ПАНСИОН  
ХотелСоба3+ноќевања5+ноќевањаСе вклучено, мин.5 ноќевања
****Еднокреветна45€43€ 
МЕТРОПОЛДвокреветна32€30€ 
****Еднокреветна45€43€55€
БЕЛВИДвокреветна32€30€42€
***Еднокреветна42€40€ 
ТУРИСТДвокреветна29€27€ 

Цените се по лице на ден со вклучени тур.такса и ДДВ;

Цената е на база полу пансион, за услуга ноќевање со појадок цената се намалува

за 3€ по лице , на ден;

За престој од само 1 ноќевање, цената се зголемува за +5 евра;

Гаранција за соба со поглед кон езеро, со доплата +3 евра по соба од ноќ.

1 Дете до 6 г. без сопствен кревет – не плаќа;

1 Дете до 06 -10 г. кoристи кревет 50 % попуст

Трет кревет во соба 30 % попуст