Хотел Монтенегро е лоциран во близина на центарот на градот, баровите, клубовите и рестораните, но сепак далеку од вревата, во мирна околина каде можете да се опуштите и да уживате во вашиот престој. Оставете го вашиот автомобил на паркингот бидејќи сè што ви треба е во непосредна близина. Просториите се многу чисти и уредни, опремени со кабловска телевизија, безжична интернет врска, купатило со туш и сопствен балкон.

Овој хотел има многу индивидуален пристап кон клиентите,и многу пријателска атмосфера која ќе ве натера да се чувствувате како дома.

СМЕСТУВАЊЕ:

Што се однесува до типот на соби, овој сместувачки капацитет може да понуди:

TWIN соби: Две одделни кревети вклучувајќи тоалет, фрижидер, телевизор и балкон.

DOUBLE соби: Двоен кревет, вклучувајќи тоалет, фрижидер, телевизор и балкон.

TRIPLE соби: Три одвоени кревети вклучувајќи тоалет, фрижидер, телевизор и балкон.

QUADRUPLE соби: Четири единечни кревети, вклучувајќи тоалет, фрижидер, телевизор и балкон.

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕУР, ПЛАЌАЊЕ ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ОД 61,8МКД

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ПО СОБА НА ДЕН

Од 23.7.2020 до 10.8.2020 хотелот не прифаќа резерервации пократки од 3 ноќевања

-Деца до 3 години ноќеваат бесплатно на детски кревет, 4-12 години добиваат 6 евра попуст

-За сингл (самец) во двокреветна соба, се пресметува 10 евра попуст