Хотел Молика е најрепрезентативниот хотел со кој располага Друштвото за угостителство рекреација и спорт ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје. Хотелот се наоѓа на Баба планина во Националниот парк Пелистер. Самата местополжба на хотелот овозможува поглед на градот Битола и околината.

Во склоп на хотел Молика функционира и скијачкиот центар Копанки кој располага со една двоседа жичара – Бегова чешма и еден ски лифт – Копанки.

Должината на жичарата и ски лифтот изнесува 1326 метри со капацитет од 1133 скијачи на час. Двете скијачките патеки се со средна тежина и нивната должина изнесува 1341 метар со површина од 53640 м2

Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од Националниот парк, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој ви го одзема здивот. Овој дел од паркот е еден од најинтересните и највозбудливите локалитети специфичен по богатството на ретки видови растителен и животински свет.

Хотелот ,,Молика,, претставува капацитет од трета категорија (3 звезди ***) , кој во целост е прилагоден и амбиентално е вклопен со својот надворешен и внатрешен изглед во околината што го опкружува.

Хотел Молика претставува угостителско туристички капацитет сместен на 1420 метри надморска висина во срцето на Националниот парк Пелистер.

Располага со 57 соби од кои : три апартмани, три трокреветни соби и останатите соби се двокреветни соби, двокреветни соби со детски лежај и соби со француски лежај.

Покрај тоа во склоп на хотелот работи и : ресторанска сала со капацитет од 170 седишта, две семинарски сали секоја со капацитет за околу 40 учесници, банкет сала со 15 – 20 седишта, како и летна тераса со 80 седишта

Цена на пакет аранжман за едно лице за термин:
од 15.06-15.07.20204 полни пансион5 полни пансиона
Двокреветна соба4720ден5900ден
Еднокреветна соба5240ден6550ден
Апартман5240ден6550ден
16.07-15.08.20204 полни пансион5 полни пансиона
Двокреветна соба4920ден6150ден
Еднокреветна соба5440ден6800ден
Апартман5440ден6800ден
16.08-15.09.20204 полни пансион5 полни пансиона
Двокреветна соба4920ден6150ден
Еднокреветна соба5440ден6800ден
Апартман5440ден6800ден
16.09-30.09.20204 полни пансион5 полни пансиона
Двокреветна соба4720ден5900ден
Еднокреветна соба5240ден6550ден
Апартман5240ден6550ден

 Цените се со попуст од 20% и се однесуваат за едно лице.

 Во цената на услугите е пресметана дневна туристичка такса и ДДВ.

Попусти:

  •  Деца до 5 год. кои не користат услуги за сместување и храна, попуст 100%.
  •  Деца од 5-12 год. кои користат ресторантски услуги и услуги за сместување, попуст 30% на понудената цена.
  •  Деца од 5-12 год. кои користат само ресторантски услуги, попуст од 50%.
  •  Деца од 5-12 год. кои користат само помошни услуги за сместување, попуст од 70%.