ЗА ХОТЕЛОТ:

Хотелот Макпетрол е лоциран во прекрасен шумски амбиент со извонредно уредено опкружување, позиција и поглед кон Охридското Езеро. Недалеку е од Градот Струга и на десетина километри од Охридскиот аеродром. Располага со сопствен паркинг, сопствена песочна плажа, базени и рекреативни спортски терени.

СМЕСТУВАЊЕ:

Хотелот располага со 46 двокреветни соби и три апартмани. Сите соби се климатизирани, со тоалет, телефон, мини бар, сателитска ТВ и тераса со поглед кон Охридското Езеро.. Во апартманите има и џакузи, мини бар, мини кујна и приклучок за интернет.

РЕСТОРАН:

Хотелот работи врз принцип на полупансион (шведска маса). Покрај ова, за ваше уживање и задоволство ви стојат на располагање мајсторите на националната и интернационалната кујна со нивните специјалитети, во ресторанот со капацитет од 300 седишта, аперитив барот, банкет салата, летната тераса и летниот ресторан со 150 седишта.

СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА:

Објектот располага со спортски терени (тенис, ракомет, кошарка, мал фудбал, трим патеки) се организираат спортски игри, тренинзи, и има можност за ноќно спортување, фитнес центар, сауни и базен за ноќно капење.

Слободното време поминетего во посета на Манастирскиот комплекс Калишта, пештерската црква во Радожда, кејот на Црни Дрим, атрактивниот струшки пазар или ноќите на Струшките вечери на поезијата.