Hotel Butriniti *****, Саранда

Хотел Бутринити и Спа е хотел со 5 ѕвезди, со базен, спа центар и берберница. Лоциран во Саранда на само 2 км од центарот, Хотел Бутринити ви нуди одмор каков што заслужувате. Близу до хотелот Бутринти и Спа, оддалечено околу 10 минути пешачење, има автобуска станица Ксамил/Бутринити. Собите во хотелот се модерно и луксузно опремени, климатизирани, со ТВ, сателитска и интернет.Сите соби располагаат со приватни бањи со тушеви, фен и крпи. Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек). Постои опција за ХБ (доручек и вечера) со доплата од 17 еур по лице.

Хотелот располага со спа и велнес центар со топла када и сауна. Има надворешен базен кој гостите можат да го користат и да уживаат во вкусните коктели од барот. Гостите можат да уживаат во европски, медитерански, здрави и вкусни оброци во ресторанот. Исто така во склоп на хотелот има и фитнес центар.

Пред самиот хотел има плажа во која гостите ќе уживаат во водите на прекрасното Јонско Море. Хотел Бутринити нуди разновидни рекреативни активности покрај базенот за туристите да уживаат во текот на нивниот престој. Без оглед на вашите интереси, пријателскиот и професионалниот тим ќе бидат таму за да обезбедат навистина уникатен и незаборавен одмор.

ЦЕНИ ЗА НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК

Тип на сместувањеМај 2021Јуни и Септември 2021Јули и Август 2021Октомври 2021
Еднокреветна соба84€102€132€84€
Двокреветна соба (цена по лице)60€66€78€60€
Suit (цена по соба)144€168€192€144€
Suite Delux со поглед на море ( цена по соба)168€192€216€168€

Напомени:
Собите се достапни по добиено барање
Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови – бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 деанари. Авансно плаќање по фактура.

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.