Hotel Blue Days *** Борш

Хотелот се наоѓа во близина на Саранда, во областа позната како туристичко село Борш. Тоа е едно од најдобрите места за мир и релаксација на албанската ривиера.  Хотелот располага со неколку типови на соби (двокреветни соби, двокреветни соби со одвоени кревети, трокреветни соби и суит). Сите соби се опремени со клима уред, бања со туш кабина, фен, мини бар, Wi-Fi, тераса или балкон.

Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ). Хотелот нуди и бесплатен приватен паркинг.: Хотелот располага со ресторан, ноќен клуб и бар. Тука ќе најдете најквалитетна храна по многу добри цени и со многу пријатна околина. Разновидноста на храната варира од традиционална до морска храна. Можете исто така да уживате во професионалноста на пицеријата со 10-годишна традициј.

Хотелот располага со одлична приватна плажа. Различни активности како пливање, нуркање и спортови на вода може да се уживаат во близина. Хотелот Blue Days исто така располага и со детско игралиште.

НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК

Тип на сместување10.06.2021 – 30.06.202116.07.2021 – 31.08.202101.09.2021 – 30.09.202101.07.2021 – 15.07.2021
Еднокреветна соба45€75€45€60€
Стандардна Двокреветна соба (цена по лице)23€38€23€30€
Стандардна Трокреветна соба (цена по лице)17€30€17€23€
Суит (цена по соба)70€135€70€90€

Цените се за 1 лице по ноќевањеНапомени:
Собите се достапни по добиено барање
Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови – бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 деанари. Авансно плаќање по фактура.

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.