Хотел ANCORA LUX, Чањ, Црна Гора, Лето 2021

Чањ е атрактивно туристичко место кое се наоѓа помеѓу Петровац и Сутоморе. Има прекрасна плажа во должина од 1 км, наречена Златна обала, по бојата на песокот. Во непосредна близина на Чањ се наоѓа прочуената Краљичина плажа до која се доаѓа само со брод. Престојот во Чањ надополнет со излети во неговата непосредна околина нуди можност за одличен одмор.

На само 250 метри од плажата веднаш до Хотел Бабовиќ се наоѓа новоотворениот хотел Анкора Лукс кој располага со модерно опремени соби за 2, 3 или 4 лица. Секоја соба има сопствен тоалет, фрижидер, тв, клима чие користење е вклучено во цената и тераса. Хотелот располага со базен кој е наменет само за своите гости. Исхраната  е во ресторан во склоп на хотелот на база на полупансион и вклучува појадок (шведска маса) и вечера (избор од две јадења). Хотелот располага со сопствен бар на плажа Vela Beach Bar. Хотелот поседува и бесплатен паркинг за своите гости.

периодполупансион – по лице дневно
31.05-20.06.202125 евра
20.06-30.06.202130 евра
30.06-29.08.202135 евра
29.08-08.09.202130 евра
08.09-28.09.202125 евра

*минимум престој 5 ноќевања*

  • цената е по лице дневно со појадок и вечера
  • За еднокреветна соба +50% доплата
  • Попусти за деца ( со двајца возрасни)
  • До 2 год – гратис
  • Од 2 до 12год (без кревет со храна) – 50% попуст
    • Дете до 12год (со кревет) – 30% попуст

Доплата за превоз за Чањ само за 9 ноќевања

–       Возрасни 40 евра

–      Деца до 7год 20 евра

Поаѓање за Црна Гора:
Скопје (Дрво Декор) – 05.00 часот

Датуми: 20.06, 29.06, 08.07, 17.07, 26.07, 04.08, 13.08, 22.08, 31.08, 09.09

  •  

НАПОМЕНА

  • ТА Ин Травел Сервис не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
  • Доплата за туристичка такса и осигурување во хотел 1.5евра дневно по лице ( деца од 2-12год плаќаат 0,5евра, а од 12-18год 1 евро дневно)

              Важат општите услови за патувањe на Т.А. ИН ТРАВЕЛ СEРВИС и СКТМ !