10% попуст за рана уплата до 31.03.2020

Евиа е втор најголем остров во Грција. Одалечен од Скопје околу 490 км.

Островот е долг 180км, главен град е Халкида во чија близина се наоѓа мост кој го поврзува островот со копно. Од Атина е одалечено 80км. Островот Евиа е омилена дестинација на локалното население. Се одликува со долги песочни плажи, поволни климатски услови, богата флора и фауна, многу борова шума, бројни термални извори и археолошки наоѓалишта. Најпопуларното туристичко место е Пефки кое се наоѓа на северната страна на островот.

Пефки  се протега на 4км долга и широка песочно-каменеста плажа со поглед на Скијатос. Се одликува со кристално чисто море, мало градско пристаниште, шеталиште со голем број на ресторани, таверни, кафе барови.

Пефки е место за вистински одмор.

Вилите немаат сопствен паркинг. Може да паркирате во непосредна близина на објектите. Секоја вила има интернет. Агенцијата не сноси одговорност за брзината на интернетот, слабиот сигнал или технички проблеми и пречки кои може да се појават. 

ВИЛА НИКОС  – ПЕФКИ – ЕВИА

ВИЛА НИКОС – Пефки, Евиа  се наоѓа во мирниот дел на Пефки на 80м од плажа. Вилата располага со 1/2+1 апартмани. Апартманите се на прв спрат, секој има посебно одвоена спална соба со два единечни кревети. Од спалната соба се излегува на тераса. Во кујната има дополнителен кревет, софа. Кујната е комплетно опремена, а секоја соба има ТВ, клима уред (вклучен во цената) и сопствен тоалет.


ВИЛА КЕРАСИОТИ

ВИЛА КЕРАСИОТИ – Пефки, Евиа се наоѓа во центарот на Пефки во прва линија на сама плажа. Во приземјето на вилата се наоѓа Пефки травел нашата партнер агенција како и Керасиоти кафетеријата, а собите се на прв спрат. Вилата е комплетно реновирана во 2017 год. И располага со апартмани и студија. Апартманите се за 5 лица со комплетно опремена кујна и посебна спална, клима, тв, тераса. Студијата за 4 лица се со поглед кон дворот и се со бачен кревет и два единечни и се опременисо кујна, клима уред (вклучен во цената) , ТВ, тераса.

  • Цените со * се однесуваат на пакет аранжман по лице (7 ноќевања со вклучен превоз)

* За патување со сопствен превоз  се одбива 30 евра

        * Доплата за превоз 55 евра  за возрасни, 40 евра за деца до 12 години

        * За уплатени два аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман

  • Во студио дозволено е сместување на лица согласно предвидениот број на кревети. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6год. во кревет со родител
  • Цените се изразени во евра за уплата во денарска противредност ( 1 евро= 62ден.)
  • Во цената не е вклучено патничко-здравствено осигурување
  • За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%
  •  попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата
  • При промена на цената ( зголемување или намалување на истата) нема да се менува веќе договорената услуга.
  • При отказ на аранжман уплатен со попуст, важат условите за отказ согласно редовниот ценовник и општите услови за патување
  • Доколку се прави промена на термин уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник – се губи правото на попуст.