Занзибар Лето 2024 (16 дена)

ПЛАН И ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

ДЕН 1  БЕЛГРАД* – ЗАНЗИБАР

Состанок на аеродромот “Никола Тесла„ во договорено време. Во претпладневните часови се качуваме на лет за Занзибар и нашата афричка авантура почнува. Летот е од Белград со прекачување.

*Можна е организација на приватен трансфер од било кој град во Македонија до Белград – СО ДОПЛАТА

ДЕН 2   STONE TOWN (1 ноќевање)

Во раните утрински часови пристигнуваме на рајското острово Занзибар,каде веселите локалци ќе не дочекаат со зборовите „Карибу!“ („Добродојдовте“) и „Хакуна Матата“ („Нема проблем“). Трансфер до сместувањето во Stone town. Запознавање со околината. Ноќевање.

ДЕН 3 – 5 STONE TOWN  (3ноќевања)

Занзибар (домородско име Унгуја) е танзаниско острово сместено во Индинскиот океан на 35км. Од обалата на источна Африка. Одсекогаш представувало спој на мистерија и егзотика, најдобро може да се осети во главниот и единствениот град на островот – Stone Town. Овој град многу малце се има променето во последните 200години а поради многуте фасцинантни градби кој го красат и раскажуваат прикаски за старите времиња, УНЕСКО го става на својата листа. Небројно многу испреплетени тесни улици, хаотични пазари на кој можете да ги пробате локалните специјалитети од морски плодови и да купите рачно изработени сувенири, многу џамии и големи арапски куќи со раскошни дрвени врати…Сето ова ви ги пополнува сетилата и ве тера да помислите дека овој мистериозен град, најегзотичното место на планетата. Во следните денови ќе го посетиме Националниот музеј, Агликанската катедрала и куќата на прочуениот фронтмен на групата Queen, Фреди Меркјури. Потоа ве водиме на факултативен излет – „Затворски остров“, некогаш остров на робовите, а денеска дом на многу животни меѓу кој најбројни се џиновските желки.

ДЕН 6 NUNGWI (1 ноќевање)

После пет дена ја напуштаме градската гужва и се селиме на рајска плажа. Трансфер до Нунгави во попладневните часови и пристигнување во сместувањето кој се наоѓа на дофат од еднате од најубавите плажи на островот.Запознавање со околината.Ноќевање.

ДЕН 7 – 14 NUNGWI (8 ноќевања)

Нунгви е најпознатото туристичко место на Занзибар и со соседната плажа Кендва претставува најубав појас на плажи во Занзибар. Односот на промената плима и осека, како и на целиот северен дел на островот, се готово незабележливи и овозможуваат целодневно уживање и пливање. Нунгви е сместен на корален гребен на која се плажите од ситен песок се спуштаат и нурнуваат во морето претставува прав тропски рај.

Овдека нема да ни биде ништо потребно освен да го посматраме тиркизното море и ќе уживаме на звуците од брановите. Нуркање, скијање на вода, едрење на даска, традиционално пловење со чамец кој се вика „гарауа“, рибарење во длабоко море, само се дел од она што можете да се надевате.

Понуда на храна и морски специјалитети е стварно шаренолика и поволна. Нунгви како и самиот Занзибар нудат голем број на атракции – нуркање покрај коралните гребени на овој дел ќе имате прилика да видите баракуди, октоподи, јастози, ражи, желки, голем број на корали, урнатини од потонати бродови, сабјарки, делфини и дури неколку врсти на ајкули.

ДЕН 15-16   ЗАНЗИБАР – БЕЛГРАД

Последниот ден поаѓање на аеродром во вечерните часови и лет до Белград, со попатно прекачување. Се испраќаме со дивата Африка и собираме впечатоци. Пристигање во Белград во претпладневните часови. Крај на програмата.

Цена на патувањето по лице:
1699 € Прва мин. цена – за пријави до 60дена пред почетокот на патувањето или до пополнување на групата
1799€ Регуларна цена – за пријави до 30 дена пред патување или до пополнување на групата

Во цената на аранжманот е вклучено :

• Авионска карта на релација Белград – Занзибар – Белград со сите такси
• Сместување на база 4 ноќевања со појадок во хотел 3* во Stone Town во 1/2 соба
• Сместување на база 9 ноѓевања со појадок во гостинска куќа во Нунгави 1/2 соби
• Сите трансфери на Занзибар према програмата на патување
• Организација на патувањето
• Представник од агенцијата (водич) за цело врметраење на патувањето
• Пакет на излети: Плажата Кендва,Музеј на робовите, Нингви селото и основно школо,Маасаи шоу, Јозани шума, островот на џиновските желки, Песочниот нагип Накупенда,Шумата на мангровите,плажата Паје,Рок бар, фарма на зачините и плажата Кае Функ



Во цената на аранжманот не е вклучено:

• Виза за танзанија 50усд (се плаќа при влегување во земјата)
• Патничко здраствено осигурување (индивидуално)
• Доплата за еднокреветна соба (на барање)
• Трокреветна соба (на барање)
• Факултативните излети кој не се во пакетот
• Индивидуални трошоци за време на патувањето
• PCR тест доколку е потребен како услов за влез во крајната дестинација или транзитна дестинација
• Доплата за Ресорт со 3* во Нунгви на база ноќевање со појадок
• Такса за престој во износ од 2 – 4 усд по лице на ден. Таксата се плаќа на резцепција во сместувачките единици



Начин на плаќање
• При пријавување 30% од износот , остатокот до 25дена пред патување
• Се врши во денарска против вредост 1€-62мкд

Напомена :
• Последен рок за пријавување е 30дена од патувањето
• Програмата е работена на база на 10 патници
• После купувањето на авионските карти , парите уплатени за истото не можат да се рефундираат во овој случај важат условите на авиокомпанијата.
• Во склад со новите збиднувања и промени на цената на горивата на светскиот пазар конечниот износ на авионските такси е подлежен на промена.
• Патниците се обврзани да сами се запознаат со визниот режим во државата во која што патуваат.
• Во голем дел од дестинациите пасошот да важи најмалку 6 месеци по денот на завршување на патувањето.


СМЕСТУВАЊЕ

STONE TOWN HOTEL 3*

Хотелот е лоциран во самиот центар на Stone Town одма покрај старата тврдина. Поседува ресторан и бар. Собите се удобни и убаво опремени. Гостите на располагање им се двокреветни и трокреветни соби со сопствено купатило, клима, ТВ, фриждер, телефон и интернет. На кровот од хотелот се наоѓа ресторан.

KIGWEDENI VILLAS GUEST HOUSE

Гостинската куќа се наоѓа во непосредна близина на плажа. Собите се двокреветни и трокреветни со сопствено купатило и бесплатен WiFi интернет. Сите соби се климатизирани. Во самиот објект се наоѓа и двор како и ресторант каде што се служи појадок.

NUNGWI GUEST HOUSE

Гостинската куќа се наоѓа во непосредна близина на палажа. Собите се двокреветни и трокреветни со сопствено купатило и бесплатен WiFi интернет. Сите соби се климатизирани. Во самиот објект се наоѓа и двор како и ресторат каде што се служи појадок.

РЕСОРТ 3*

Ресорт со 3* лоциран е на сама плажа во Нунгви. Поседува ресторан, базен и отворен бар со тераса од која се простира поглед на убавото тиркизно плаво море. Собите се двокреветни или трокреветни со тераса, клима уред, мини бар и бесплатен интернет.


ФАКУЛТАТИВИ

Шумата Јожани, Паџе и Рок бар (приватна тура) – вклучена во цена

За време на оваа тура ќе ја посетиме шумата Јожани, ќе се одиме на плажата Паџе и ќе го посетиме Рок барот, една од најголемите атракции на Занзибар. Турата ја започнуваме со обиколка на Јожани шумата која се простира на површина од околу 5000 хектари и од 1952г. е прогласена за Национален резерват. Со многу зеленило, најразлични дрва, палми,манго,црввено махагони и други билки, оваа густа шума дава величествена слика на нечепната природа и нејзината моќ. Јожани шумата претставува природно престојувалиште за 3000 Црвени Коломбос мајмуни, кои во целиот свет ги има само овдека. Во резерватот населени се и преку 40 врсти на птици,повеќе десетици врсти на пеперутки, како и посебни врсти на жаби. После Јожани, патуваме кон една од најубавите плажи во Паџе, каде ќе уживаме на бескрајно долгата песочна плажа, тиркизно море и бел песок. Посета на прочуениот Рок бар каде ќе ги направиме најдобрите фотографии. На крајот од денот одиме кон местото Мичави каде на единствената Кае Функ плажа и бар, во вистински тропски рај, го испраќаме сонцето и уште еден убав залез на сонцето.

РАЗГЛЕД НА СЕЛОТО И ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ – вклучена во цена

Единствена прилика да се почуствува духот на островскиот живот, да се помине време со локалното население истражувајќи го селеото Нунгви. Ќе се запознаеме со нивните навики, секојдневието и ќе се дружиме со насмеаните и љубезни жители. Исто така , обиколка на основното училиште во Нингви и посетата на учениците е единствена прилика за другарување. Традиционално се планирани и скромни подароци за децата на кој она наше малку нив многу им значи.

ПЛАЖАТА КЕНДВА – вклучена во цена

Поминуваме одлично време пливајќи на прекрасната плажа Кендва, една од најубавите на островот. Пиеме коктели, пробуваме интересна локална храна и го чекаме зајдисонцето, чија убавина ја прави оваа плажа посебна.

На крајот на денот со палење на плажа ќе се организира уникатно Масаи шоу.

Песочен насип Накупенда – вклучен во цената

Преку пат од Камениот град , помеѓу многуте острови и нагипи, се наоѓа еден од најживописните – песочни нагипи Накупенда. Ќе ја искористиме оваа прилика за бањање, уживање, сликање и да си направиме многубројни убави фотографии на оваа песочна дина.

Мнемба (приватна тура) – вклучен во цената

За време на екскурзијата, мештаните ќе не одведат со брод далеку од брегот на Нунгви и ќе застанат на место каде што ќе скокнеме во водата и ќе се најдеме во школата на најубавите риби со светли бои. Откако пливавме со овие преслатки суштества, се симнуваме на бисерно бел песок во близина на приватниот остров Мнемба и се восхитуваме на убавината на тиркизниот Индиски Океан. Таму мештаните ќе ни послужат свежи специјалитети од морска риба, по што ќе се вратиме на бродот и ќе уживаме во возењето до Нунгви.

Ако имаме среќа, ќе сретнеме и делфини, кои живеат во водите околу ова место 😊

СТОУН ТАУН И  ОСТРОВ НА ЖЕЛКИТЕ – PRISON ISLAND (приватна тура) – вклучен во цената

Во текот на излетот ќе имаме обиколка на главниот град на Занзибар – Stone Town и Changuu островот попознат како „Остров на затвореници“, кој се наоѓа на дофат од Камениот град. Наша прва станица е Камениот град, единствениот град на островот каде е сочувано сведоштвото за богатата историја на магичниот Занзибар. Овој град многу малце се има променето за овие 200 г., а поради големиот број на фасцинантни градби кој го красат и раскажуваат приказана за минатите времиња, УНЕСКО го стави во своејата културно наследство. Небројано многу испреплетени улици, хаотични пазари на кој можете да ги пробате локалните специјалитети од морски плодови и да купите атентични рачно изработени сувенири, многу џамии и големи арапски куќи со раскошни дрвени врати, само прават уште поголем впечаток на Камениот град. После разгледот на градот со брод патуваме до островот кој некогаш служел за чување на робови на некогашните арапски робовладетели, а покасно  користен и како карантин на сите болни од жолтата грозница. Населено е со многу џиновски желки кој се донесени од Сејшелите во 19-ти век, од кој некој се стари и повеќе од 100г. Живеат и различни врсти на птици, пауни, пеперутки и Дуикерс ретка врста на антилопа.

Ќе уживаме во флората и фауната на овој остров, ќе ги храниме и галиме желките , ќе пливаме околу коралниот гребен кој го опкружува… Кога ќе завршиме со обиколката ќе уживаме на прекрасната плажа со ситен бел песок и ќе се дивиме на убавината на тиркизниот Индиски океан. Од како  го истраживме островот уздужи попреку и се одморивме на неговите плажи, ќе уживаме на бродот и поглед на Камениот град од море.

ТУРА НА ЗАЧИНИТЕ (приватна тура) – вклучен во цената

Факултативен излет во која ќе ја посетиме фармата на зачини. Во зависност од сезоната, овде ќе имате прилика како се бере кафе од дрво, како се собираат плодовите од бибер, цветовите од шафран, чили и повеќе од 50 други врсти на зачини. Локалците кој работат на фармата ќе ви понудат да помирисате каранфилче, да пробате лемон грас, да џвакате какао и да загризате ванила….Можеби ќе добиете задача да помирисате и пробате одредени зачини и да погодите кој е кој. На фармата ќе гледаме и шоу во кој мештаните че се качуваат на палми пеејќи „Хакуна матата“ и ќе ни наберат по некој кокос. Ако имаме среќа може и да добиеме и нараквица од листови од палма или ланче во облик на жаба. По завршувањето на излетот сваќаме зошто е второто име на Занзибар „острово на зачините“.

МИКУМИ САФАРИ – на барање – не е вклучено во цената

Тродневениот излет вклучува сафари во Националниот парк Микуми и посета на Дар ел Салам на врачање. Првиот ден од излетот, патуваме од Занзибар за Дар ел Салам со брод, од каде ќе го продолжиме патот кон Националниот парк Микуми, кој е четврти по големина Национален парк во Танзанија и се простира на површина од 3230 км2. Следува ручек во националниот парк (или ланч пакет) после што одиме на вечерно разгледување и средба со лавовите, носорози зебри,газели, антилопи, бизони, а ако имае среќа ќе се сретиме и со припадниците на Маасаи племето.  Вториот ден од излетот, после појадокот одиме на утринско посматрање на животните по долината на реката Мката каде ќе видиме слонови и жирафи кој спремно ќе ни позираат како би направиле подобри фотографии. Една од главната атракција на паркот се и нилските коњи кој ќе ги затекнете како се брчкаат во мочварите,додека околу нив се разлетани различни видови на пртици со кој овој Национален парк е пребогат. После утринското шетање го напуштаме Микуми и патуваме назад до Дар ел Салам. Цело време имаме чуство како да сме биле дел од некој документарец. Во вечерните часови ќе имате можност да прошетате по Дар ел Салам, во бившата предстолнина на Танзанија. Град кој е познат под името „Пристаниште на мирот“ сместен е на обалата на Индискиот океан и еден од нај големите пристаништа во Африка. Тука ќе уживате во широкиот спектар на бои, мириси и звуци, опкружени со милион луѓе и шаренило од различни култури. Третиот ден од излетот во раните утрински часови, следи враќање со брод до Занзибар.