Занзибар Лето 2024 (12 дена)

Важно! ПАКЕТ БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ
* * * ПАКЕТ ОД 8 ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА ПАТУВАЊЕ***
* * * СМЕСТУВАЊЕ НА НАЈУБАВАТА ПЛАЖА НА ОСТРОВОТ * * *

ПЛАН И ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

ДЕН 1  БЕЛГРАД* – ЗАНЗИБАР

Состанок на аеродромот “Никола Тесла„ во договорено време. Во претпладневните часови се качуваме на лет за Занзибар и нашата афричка авантура почнува. Летот е од Белград со прекачување.

*Можна е организација на приватен трансфер од било кој град во Македонија до Белград – СО ДОПЛАТА

ДЕН 2   NUNGWI (1 ноќевање)

Во раните утрински часови пристигнуваме на Занзибар, каде веселите локалци ќе не дочекаат со зборовите „Карибу!“ („Добродојдовте“) и „Хакуна Матата“ („Нема проблем“). Трансфер до сместувањето во Нунгви. Запознавање со околината. Ноќевање.

ДЕН 3 – 11 NUNGWI (8 ноќевања)

Нунгви е најпознатото туристичко место на Занзибар и со соседната плажа Кендва претставува најубав појас на плажи во Занзибар. Односот на промената плима и осека, како и на целиот северен дел на островот, се готово незабележливи и овозможуваат целодневно уживање и пливање. Нунгви е сместен на корален гребен на која се плажите од ситен песок се спуштаат и нурнуваат во морето претставува прав тропски рај.

Овдека нема да ни биде потребно ништо освен да ја посматраме бескрајноста на отвореното тиркизно море и да уживаме во звукот од брановите. Нуркање, скиање на вода , едрење на даска, традиционално пловење со чамец наречен „гарауа“, кајак или рибарење во длабоко море, само се дел од она на што можете да се надевате. Нунгви е богат со разноразни туристички содржини па по тесните и хаотични сокачиња може да се пронајдат низа од ресторани, барови, кафе барови и многу локални продавници со традиционални сувенири и ракотворби од дрво.

Понуда на храна и морски специјалитети е стварно шаренолика и поволна. Нунгви како и самиот Занзибар нудат голем број на атракции – нуркање покрај коралните гребени на овој дел ќе имате прилика да видите баракуди, октоподи, јастози, ражи, желки, голем број на корали, урнатини од потонати бродови, сабјарки, делфини и дури неколку врсти на ајкули.

Според планот на нашата програма од овдека е планирано организирањето на бројните излети. Поаѓање во престолнината на островот „камениот град“ – Stone Town кои плени со својата стара камена градба и ѕидини. Грст од продавници скриени во мноштвото мали и хаотични сокачиња ќе ве маѓепса со својот шарм и едноставност.

Во текот на посетата на Stone Town, одиме и на Затворскиот остров, островот на џиновските желки кое позади своето име крие многу тајни. За љубителите на нуркање и подводниот свет интересно е поаѓањето на Мнемба островот и пливање со егзотични риби. Тука е и излетот на фармата за зачини. Во зависност на сезоната, овдека ќе имате прилика да видите како се бере кафе од дрво, збирање на плодови од бибер, цветови од шафран, чија и повеќе од 50 други врсти на зачини. Се со цел да дознаете зошто Занзибар се нарекува уште и „остров на зачините“.

Интересна е посетата на Јозани шумата, Национален резерват во која живее посебна врста на мајмуни, неколку ендемски врсти на птици и пеперутки. Ќе го прошетаме и истокот на островот , плажата Паџе – единственото по неверојатната осека каде што морето за само неколку часа се повлекува и по неколку километри. Покрај плажата Паџе во план е и обиколка на преубавата Кае Функ плажа и бар каде во добра атмосфера и огин на плажа и испраќање на сонцето.

За љубителите на дивиот живот во Африка тука е уште и фантастичниот факултативен излет на копното на Танзанија во Националниот парк Микуми, да дофат на Дар ел Салам, некогашната престолнина на островот. На сафарито ќе можете да видите од непосредна близина, голем број на диви животни карактеристични за Африка, селото Маасаи племето и уште многу автентични за Танзанија и самата Африка, континент од кои непрекинато ќе ви застанува здивот. Покрај сите планински активности, секогаш ќе има доволно време за бањање и уживање на сонце на плажата Нунњи и Кендве, пиење на коктели и жежок ноќен живот по барови и клубовите на Нунгви. Затоа, Занзибар обезбедува од се по нешто за секој.

ДЕН 12   ЗАНЗИБАР – БЕЛГРАД

Последниот ден поаѓање на аеродром во вечерните часови и лет до Белград, со попатно прекачување. Се испраќаме со дивата Африка и собираме впечатоци. Пристигање во Белград во претпладневните часови. Крај на програмата.

Цена на патувањето по лице:
1399 € Регуларна цена – за пријави до 30дена пред почетокот на патувањето или до пополнување на групата

Во цената на аранжманот е вклучено :

• Авионска карта на релација Белград – Занзибар – Белград со сите такси
• Сместување на база 9 ноќевања со појадок во гостинска куќа во Нунгви (1/2 соби)
• Сите трансфери на Занзибар према програмата на патување
• Организација на патувањето
• Представник од агенцијата (водич) за цело врметраење на патувањето
• Пакет на излети: Плажата Кендва, Нингви селото и основно школо,Маасаи шоу, Јозани шума,Шумата на мангровите,плажата Паје,Рок бар и плажата Кае Функ



Во цената на аранжманот не е вклучено:

• Виза за танзанија 50усд (се плаќа при влегување во земјата)
• Патничко здраствено осигурување (индивидуално)
• Доплата за еднокреветна соба (на барање)
• Трокреветна соба (на барање)
• Факултативните излети и сите влезници за културно – историските споменици
• Индивидуални трошоци за време на патувањето
• PCR тест доколку е потребен како услов за влез во крајната дестинација или транзитна дестинација
• Доплата за Ресорт со 3* во Нунгви на база ноќевање со појадок
• Такса за престој во износ од 2 – 4 усд по лице на ден. Таксата се плаќа на резцепција во сместувачките единици



Начин на плаќање
• При пријавување 30% од износот , остатокот до 25дена пред патување
• Се врши во денарска против вредост 1€-62мкд

Напомена :
• Последен рок за пријавување е 30дена од патувањето
• Програмата е работена на база на 10 патници
• После купувањето на авионските карти , парите уплатени за истото не можат да се рефундираат во овој случај важат условите на авиокомпанијата.
• Во склад со новите збиднувања и промени на цената на горивата на светскиот пазар конечниот износ на авионските такси е подлежен на промена.
• Патниците се обврзани да сами се запознаат со визниот режим во државата во која што патуваат.
• Во голем дел од дестинациите пасошот да важи најмалку 6 месеци по денот на завршување на патувањето.


СМЕСТУВАЊЕ

NUNGWI GUEST HOUSE

Гостинската куќа се наоѓа во непосредна близина на плажа. Собите се двокреветни и трокреветни со сопствено купатило и бесплатен WiFi интернет. Сите соби се климатизирани. Во самиот објект се наоѓа и двор како и ресторант каде што се служи појадок.

РЕСОРТ 3*

Ресорт со 3* лоциран е на сама плажа во Нунгви. Поседува ресторан, базен и отворен бар со тераса од која се простира поглед на убавото тиркизно плаво море. Собите се двокреветни или трокреветни со тераса, клима уред, мини бар и бесплатен интернет.


ФАКУЛТАТИВИ

Шумата Јожани, Паџе и Рок бар (приватна тура) – вклучена во цена

За време на оваа тура ќе ја посетиме шумата Јожани, ќе се одиме на плажата Паџе и ќе го посетиме Рок барот, една од најголемите атракции на Занзибар. Турата ја започнуваме со обиколка на Јожани шумата која се простира на површина од околу 5000 хектари и од 1952г. е прогласена за Национален резерват. Со многу зеленило, најразлични дрва, палми,манго,црввено махагони и други билки, оваа густа шума дава величествена слика на нечепната природа и нејзината моќ. Јожани шумата претставува природно престојувалиште за 3000 Црвени Коломбос мајмуни, кои во целиот свет ги има само овдека. Во резерватот населени се и преку 40 врсти на птици,повеќе десетици врсти на пеперутки, како и посебни врсти на жаби. После Јожани, патуваме кон една од најубавите плажи во Паџе, каде ќе уживаме на бескрајно долгата песочна плажа, тиркизно море и бел песок. Посета на прочуениот Рок бар каде ќе ги направиме најдобрите фотографии. На крајот од денот одиме кон местото Мичави каде на единствената Кае Функ плажа и бар, во вистински тропски рај, го испраќаме сонцето и уште еден убав залез на сонцето.

РАЗГЛЕД НА СЕЛОТО И ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ – вклучена во цена

Единствена прилика да се почуствува духот на островскиот живот, да се помине време со локалното население истражувајќи го селеото Нунгви. Ќе се запознаеме со нивните навики, секојдневието и ќе се дружиме со насмеаните и љубезни жители. Исто така , обиколка на основното училиште во Нингви и посетата на учениците е единствена прилика за другарување. Традиционално се планирани и скромни подароци за децата на кој она наше малку нив многу им значи.

ПЛАЖАТА КЕНДВА – вклучена во цена

Поминуваме одлично време пливајќи на прекрасната плажа Кендва, една од најубавите на островот. Пиеме коктели, пробуваме интересна локална храна и го чекаме зајдисонцето, чија убавина ја прави оваа плажа посебна.

На крајот на денот со палење на плажа ќе се организира уникатно Масаи шоу.

Мнемба (приватна тура) цена на излет : 40€

За време на екскурзијата, мештаните ќе не одведат со брод далеку од брегот на Нунгви и ќе застанат на место каде што ќе скокнеме во водата и ќе се најдеме во школата на најубавите риби со светли бои. Откако пливавме со овие преслатки суштества, се симнуваме на бисерно бел песок во близина на приватниот остров Мнемба и се восхитуваме на убавината на тиркизниот Индиски Океан. Таму мештаните ќе ни послужат свежи специјалитети од морска риба, по што ќе се вратиме на бродот и ќе уживаме во возењето до Нунгви.

Ако имаме среќа, ќе сретнеме и делфини, кои живеат во водите околу ова место 😊

СТОУН ТАУН И  ОСТРОВ НА ЖЕЛКИТЕ – PRISON ISLAND (приватна тура) – цена на излет 60€

Во текот на излетот ќе имаме обиколка на главниот град на Занзибар – Stone Town и Changuu островот попознат како „Остров на затвореници“, кој се наоѓа на дофат од Камениот град. Наша прва станица е Камениот град, единствениот град на островот каде е сочувано сведоштвото за богатата историја на магичниот Занзибар. Овој град многу малце се има променето за овие 200 г., а поради големиот број на фасцинантни градби кој го красат и раскажуваат приказана за минатите времиња, УНЕСКО го стави во своејата културно наследство. Небројано многу испреплетени улици, хаотични пазари на кој можете да ги пробате локалните специјалитети од морски плодови и да купите атентични рачно изработени сувенири, многу џамии и големи арапски куќи со раскошни дрвени врати, само прават уште поголем впечаток на Камениот град. После разгледот на градот со брод патуваме до островот кој некогаш служел за чување на робови на некогашните арапски робовладетели, а покасно  користен и како карантин на сите болни од жолтата грозница. Населено е со многу џиновски желки кој се донесени од Сејшелите во 19-ти век, од кој некој се стари и повеќе од 100г. Живеат и различни врсти на птици, пауни, пеперутки и Дуикерс ретка врста на антилопа.

Ќе уживаме во флората и фауната на овој остров, ќе ги храниме и галиме желките , ќе пливаме околу коралниот гребен кој го опкружува… Кога ќе завршиме со обиколката ќе уживаме на прекрасната плажа со ситен бел песок и ќе се дивиме на убавината на тиркизниот Индиски океан. Од како  го истраживме островот уздужи попреку и се одморивме на неговите плажи, ќе уживаме на бродот и поглед на Камениот град од море.

ТУРА НА ЗАЧИНИТЕ (приватна тура) цена на излет : 40€

Факултативен излет во која ќе ја посетиме фармата на зачини. Во зависност од сезоната, овде ќе имате прилика како се бере кафе од дрво, како се собираат плодовите од бибер, цветовите од шафран, чили и повеќе од 50 други врсти на зачини. Локалците кој работат на фармата ќе ви понудат да помирисате каранфилче, да пробате лемон грас, да џвакате какао и да загризате ванила….Можеби ќе добиете задача да помирисате и пробате одредени зачини и да погодите кој е кој. На фармата ќе гледаме и шоу во кој мештаните че се качуваат на палми пеејќи „Хакуна матата“ и ќе ни наберат по некој кокос. Ако имаме среќа може и да добиеме и нараквица од листови од палма или ланче во облик на жаба. По завршувањето на излетот сваќаме зошто е второто име на Занзибар „острово на зачините“.

МИКУМИ САФАРИ – на барање

Тродневениот излет вклучува сафари во Националниот парк Микуми и посета на Дар ел Салам на врачање. Првиот ден од излетот, патуваме од Занзибар за Дар ел Салам со брод, од каде ќе го продолжиме патот кон Националниот парк Микуми, кој е четврти по големина Национален парк во Танзанија и се простира на површина од 3230 км2. Следува ручек во националниот парк (или ланч пакет) после што одиме на вечерно разгледување и средба со лавовите, носорози зебри,газели, антилопи, бизони, а ако имае среќа ќе се сретиме и со припадниците на Маасаи племето.  Вториот ден од излетот, после појадокот одиме на утринско посматрање на животните по долината на реката Мката каде ќе видиме слонови и жирафи кој спремно ќе ни позираат како би направиле подобри фотографии. Една од главната атракција на паркот се и нилските коњи кој ќе ги затекнете како се брчкаат во мочварите,додека околу нив се разлетани различни видови на пртици со кој овој Национален парк е пребогат. После утринското шетање го напуштаме Микуми и патуваме назад до Дар ел Салам. Цело време имаме чуство како да сме биле дел од некој документарец. Во вечерните часови ќе имате можност да прошетате по Дар ел Салам, во бившата предстолнина на Танзанија. Град кој е познат под името „Пристаниште на мирот“ сместен е на обалата на Индискиот океан и еден од нај големите пристаништа во Африка. Тука ќе уживате во широкиот спектар на бои, мириси и звуци, опкружени со милион луѓе и шаренило од различни култури. Третиот ден од излетот во раните утрински часови, следи враќање со брод до Занзибар.