COVID 19 | ИНФОРМАЦИИ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА – ЛЕТО 2021

Сите патници кои влегуваат во земјата, независно од нивното државјанство, се должни да пополнат формулар ПЛФ на веб-страна travel.gov.gr, најмалку 24 часа пред датумот на влез. Пополнетиот ПЛФ формулар се смета за неопходен патнички документ за секој вид на влез во Грција;

Во самиот формулар ЗАДОЛЖИТЕЛНО е полето за адреса на сместување!
Адресата на вашето сместување можете да ја дознаете на: 02 3121 551

Ако немате избрано сместување нашите апартмани и понуди се достапни на следните страници:

Упатство: Како се пополнува ПЛФ формуларот

Сите патници се должни да поседуваат потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест или доказ дека прележале ковид-19. Конкретно треба да имаат:

ОПЦИЈА 1 – сертификат за вакцинација на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа, согласно домашното законодавство и да имаат доказ дека се поминати најмалку 14 дена од денот на вакцинацијата. Сертификатот за вакцинација треба да содржи: име и презиме на лицето, како што е наведено во пасошот, видот на примената вакцина, бројот на примени дози и датумот на нивното примање;

ОПЦИЈА 2 – негативен резултат од ПЦР-тест, кој не е постар од 72 часа и е издаден од сертифицирани јавни или приватни лаборатории, на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик;

ОПЦИЈА 3 – потврда за прележан ковид-19, дијагностициран со позитивен ПЦР-тест или потврда за присуство на антитела со важност од 2 до 9 месеци од датум на дијагностицирањето на болеста. Потврдата треба да е издадена од јавна установа или од сертифицирани јавни или приватни лаборатории од согласно националното законодавство на земјата на пристигнување, на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик.

ОПЦИЈА 4 – Од 19 јуни 2021 година, од 06.00 часот на граничниот премин „Евзони“, влез на Македонски државјани се дозволува и со негативен брз тест за ковид-19, не постар од 48 часа.

Ваквите обврски важат и за малолетни деца над 12 години и документи мора да се презентираат пред соодветните грчки погранични органи или Генералниот секретаријат за цивилна заштита.

По избор, дел од патниците ќе прават и брз тест на граница

При влез во Грција дел од патниците ќе бидат избрани и да направат брз-тест на граница. Изборот кој да прави тест се врши врз основа на соодветен алгоритам, а патниците кои ќе бидат избрани се должи да останат на граничниот премин сè до издавањето на резултатот од тестот.

Против патниците кои ќе ги прекршат мерки, предупредуваат, ќе бидат изречени соодветни законски санкции.

Кое е работното време на граничните премини

Од 01.07.2021 согласно соопшението на грчката заменик-министерка за туризам Софија Захараки и шефицата на канцеларијата на грчкиот премиер во Солун, Марија Андониу – се отвораат сите премини кон Македонија со работно време 24/7 односно сега покрај Богородица/Евзони ќе работат и Дојран и Меџитлија/Ники.

ВАЖНО – по влезот, важат истите правила како и за грчките државјани

И покрај тоа што најголемиот дел од ограничувањата и мерките се олабавени – при влез задолжително информирајте се за мерките кои се валидни во моментот и почитувајте ги истите.

За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5 000 евра.


*Информациите објавени на web страницата на ИнТравел се од информативен карактер и се базираат на официјалните гласила. Поради секојдневните промени ИнТравел не може да ја гарантира точноста и не може да прифати никаква одговорност за какви било грешки или пропусти.