CommonPass сертификат за патување

Бидејќи земјите работат на релаксирање на ограничувања на границите и барањата за карантин, им треба посигурен модел за потврдување на здравствениот статус на патниците што доаѓаат. The Commons Project Foundation и Светскиот економски форум соработуваат за создавање глобална мрежа на даватели на тестирања, даватели на вакцини и регистри на јавно здравје како дел од напорите за безбедно поврзување на светот.

Одговараме на најчестите прашања поврзани со CommonPass сертификатот за патување.

Што е CommonPass?

Упатство за вакцинирани

Упатство за тестирани во акредитирани лаборатории

Што е CommonPass?

CommonPass овозможува да го документирате вашиот COVID-19 статус со цел да може да патувате во други земји и да одговорите на барањата на граничните премини на други држави, истовремено штитејќи ја вашата приватност.

Со CommonPass на едноставен начин може да ги преземете информациите и да го покажете вашиот здравствен статус на влез во друга држава без да откривате други лични здравствени информации.

Преку апликацијата можете да ги преземете:

  • резултатите од направениот COVID-19 тест
  • вашите вакцинални потврди

Кој може да добие CommonPass сертификат за патување?

  • Сите кои извршиле целосна вакцинација (со поминати 14 дена од последната доза)
  • Оние кои ќе направат тест за COVID- 19 во акредитирана лабораторија (Авицена или Биотек)

Упатство за вакцинирани

Како да добиете CommonPass дигитална верифицирана потврда?

  1. Логирајте се на https://vakcinacija.mk/
  2. Во делот CommonPass сертификат за патување го внесувате бројот на вашиот пасош и избирате Генерирај CommonPass сертификат
  3. Преземете ја CommonPass мобилната апликација од Google Play Store / App Store.
  4. Во мобилната апликација внесете го активацискиот код CPNMKD
  5. Скенирајте го QR кодот од преземениот сертификат за патување CommonPass

Упатство за тестирани во акредитирани лаборатории

  1. Направете тест за COVID- 19 во акредитирана лабораторија
  2. Преземете ја CommonPass мобилната апликација од Google Play Store / App Store.
  3. По прифаќање на условите за користење, апликацијата те пренасочува на блокот „Дома“ (Home screen). Оттука, можеш да креираш нова CommonPass потврда или да ги користиш постојните потврди.
  4. Скенирај го твојот QR код од резултатите од тестот.

ВАЖНО: ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА ПОКРАЈ ПОТВРДАТА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ИЛИ ТЕСТИРАЊЕ ПОТРЕБЕН ВИ Е И PLF ФОРМУЛАРОТ