Будванската ривиера се протега во должина од 35км покрај Јадранското Море. Поставена приближно централно на Црногорското приморје, таа е средиште на црногорскиот туризам. Ривиерата има 12,5км долга плажа.

Главни туритички места се Будва, Петровац на Море и Свети Стефан. Во самата Будва постојат неколку плажи и сите се подеднакво преубави, било песочни, камени или шљункасти, а меѓу нив најпознати се Словенска плажа, Могрен, Трстено, Јаз, Плоче итн.

ВИЛА ВУКМАНОВИЌ

Се наоѓа на 350 метри од Словенската плажа, односно 150 метри од поштата во Будва. Вилата располага со 1 / 2 и 1 / 4 студија, еднособен апартман 1 / 4 + 1 и со двособен апартман 1 / 6. Секоја соба има сопствен тоалет, Тв, комплетно опремена кујна и клима уред (5еур од ден).