Вила ”Leona”

Вила Леона се наоѓа на 30 метри од прекрасната песочна плажа во Аспровалта. Вилата има еден дуплекс апартман, едно двокреветно и едно трокреветно студио. Секое студио е комплетно опремено со кујна , тоалет , балкон , тв, интернет и климата е вклучена во цената.

НАПОМЕНА
– Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице плаќаат само 35
евра
– Цените за 10 ноќи/ 11 дена (без), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;

– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

– Во дуплекс апартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то 5-то и 6-то лице плаќаат само 35 евра

– Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Цените кои се на промоција се со пресметан попуст и не се одбива за сопствен превоз

– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);

– Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;

– Превоз од: / Скопје / / Велес / Удово / Гевгелија;

– Автобусот ги остава/зема патниците на околу 20m од вилата.

– Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во објектот.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

– За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (со), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од
цената по лице;
– При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената
аконтација не се враќа;
– Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без
седиште);
– Доплата за патничко осигурување – 150мкд / 300мкд за лица над 65 год
– Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute или Happy day понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената
– Туристичка такса 0,5 евра по студио од ден се наплаќа во агенцијата