fbpx

8-ми Декември – Истанбул со Авион

Термин:07-11.12.2022/ 4ноќевања со појадок

ПРОМОТИВНA ЦЕНA ОД 345€ ПО ОСОБА
Пакет аранжман со вклучено:
Авионски карти и такси 4 ноќевања со појадок во Selenay Hotel 3
Трансфери аеродром – хотел – аеродром

ИСТАНБУЛ | комплет програма со авионски превоз | со 4 ноќевања

Истанбул е секогаш прекрасен!
Величествениот град кој се протега на два континенти и преставува спој на различни традиции и култури, спој на старото и модерното. Мирисот на Босфорот, прекрасните зајдисонца, долгите прошетки по прекрасните улици се приказна за себе. Убавата Капали Чаршија, мирисот на разноразни зачини и благи навистина ве оставаат без воздишки. Градот кој што ги исполнува сите желби на светот и Ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти, градот на спротивности и на извонредни традиционални вредности .. ве очекува!

Прв ден | 07.12.2022 | Скопје – Истанбул
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14:30. Полетување за Истанбул со Pegasus Airlines во 16:40. Слетување во Истанбул во 20:05, по што следува организиран превоз до хотел. Сместување во хотел Selenay 3*. Ноќевање.

Втор, трет и четврт ден | 08 – 10.12.2022 | Истанбул
Појадок. Слободни денови за индивидуални разгледи, прошетки и доколку сакате имате можност да користите и факултативи по ваш избор (со доплата). Ноќевање.
Предлог факултативни излети со доплата:
1. Обиколка на стариот град (целодневна) прошетка: Хиподромот, Џамијата Аја Софија, Сината џамија, Палатата Топкапи, големата чаршија
2. Палатата Долмабахче, Ортакој, улица Истиклал, Кулата Галата (разглед од надвор)
3. Крстарење со брод на Босфор 

Петти ден | 11.12.2022 | Истанбул – Скопје
Појадок. Одјавување од хотел. Организиран превоз до аеродром. Поќетување во 16:05 со Pegasus Airlines од Истанбул до Скопје. Пристигнување на аеродромот во Скопје во 15:35.

Цените се дадени во тотал и ги вклучуваат следниве услуги:
– Авионски превоз со Pegasus Airlines (20 кг по лице вклучен багаж + 7 кг рачен багаж)
Поаѓање ( SKP – IST ) со летот PC 352
Враќање ( IST – SKP ) со летот PC 351
* При правење на резервација како и 12 часа пред полетување, ве молиме да ги проверите деталите и времињата за летовите, поради можни промени на истити.
– Аеродромски такси
– 4 ноќевања со појадок во hotel Selenay 3* http://www.selenayhotel.com/
– Услуга: ноќевање со појадок
– Организирани трансфери во Турција на релација аеродром (Sabiha Gokcen) – хотел – аеродром (Sabiha Gokcen)

Во цената не се вклучени следниве услуги:
– Патничко и здравствено осигурување (задолжително)
– Дополнителни трошоци во хотелот
– Дополнителни трошоци за факултативи

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
– НАВЕДЕНИТЕ ЦЕНИ НА АРАНЖМАНИТЕ СЕ ДОСТАПНИ НА БАРАЊЕ, ИСТИТЕ СЕ ПОДЛОЖНИ НА ПРОМЕНИ ОДНОСНО НЕ ГИ ГАРАНТИРАМЕ ПОРАДИ БРОЈОТ НА СЛОБОДНИ СЕДИШТА ВО АВИОНОТ И МОЖНАТА ПРОМЕНА НА ЦЕНАТА НА ИСТИТЕ!
– За резервација е задолжителна уплата од 100 % на вкупната сума, а доколку резервацијата се откаже се наплаќаат пенали од 100 %.
– Други типови на соби се достапни на барање
– Сместување на трето лице во двокреветна соба е на дополнително легло во стандардна двокреветна соба
– Плаќањето е задолжително во денари (1 € = 62 мкд)
– За ова патување потребен е македонски биометриски пасош со важност  180 дена од денот на патувањето. Секој клиент сноси лична одговорност за ВАЛИДНОСТ И ИСПРАВНОСTА  на патните документи, односно агенцијата / организаторот на аранжманот не сноси одговорност.
– Ве информираме дека  здравствено и патничко осигурување е задолжително, за да се елиминираат сите потенцијални  проблеми  кои би  можело да се појават.
– За овој аранжман важат општите услови на патување на ИнТравел и СКТМ