fbpx

11 Октомври – Пелистер – Хотел Молика

11 Октомври – ПРОДОЛЖЕН ПРАЗНИЧЕН ВИКЕНД – Пелистер – Хотел Молика

Активен планински одмор, спортување и рекреација низ прекрасната моликова шума на Пелистер, пешачење, алпинистичко планинарење, планински воздух, престој во еколошка средина.

Хотелска услугаДводневен аранжманТродневен аранжман
Ноќевање со доручек                     2.300,00 ден                    2.760,00 ден
Полупансион                     2.800,00 ден                    3.360,00 ден
Полн пансион                     3.700,00 ден                    4.440,00 ден

Деца до 5 години – бесплатно

Деца до 12 години 20% попуст

Во цената е вклучена туристичка такса

Зошто да го посетите Пелистер

Прогласен за национален парк во 1948 година поради природните реткости кои се среќаваат во него: моликовите шуми – реликт од терциерната флора, гранитните карпи и нивниот морфолошки релјеф, а посебно глацијалниот релјеф во алпскиот дел од планината.

Посебна убавина на паркот му даваат планинските езера: Големото (на висина од 2218 м) и Малото езеро (2280 м).

Високо на небото се издигаат стрмните врвови Пелистер(2601 м), Ветерница (2420м), Муза (2351 м), Ржана (2334 м) и Грива (2198м). Националниот парк се карактеризира со многу природни феномени, со невообичаени структурни белези, специфична геолошка конструкција, несекојдневна планинска вегетација, поволни хидрографски услови, како и со специфични климатски услови кои придонесуваат за комплетирање на ова природно богатство. Паркот се протега на површина од 1500 ha, на надморска висина од 700 до 2601 метри.

За туристите посебно интересна е туристичко – рекреативната зона чии пространства спаѓаат во 2-та категорија на природни вредности со посебни природни карактеристики и убавини, што може да се користат за одмори и рекреација. Тука спаѓа зоната -“Голема Ливада” и зоната “Нижо Поле”. Најголем украс на паркот се двете езера т.н. Пелистерски очи: Големо езеро и Мало езеро, кои Пелистер го прават уште повеличествен и туристички попривлечен.